Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно во три сета славеше победа во првиот меч на Вимблдон. Осумкратниот шампон во Лондон за неполни два часа го совлада Вит Коприва од Чешка.
Ѓоковиќ на противникот му препушти само пет гема, еден во првиот и по два во вториот и третиот сет (6-1, 6-2, 6-2).
Ѓоковиќ кој е трет на АТП листата, во 2.коло ќе игра против британскиот квалификант Џејкоб Фернли кој е дури 277.ми на АТП листата.