Репрезентацијата на Португалија шестата што обезбеди пласман во четвртфиналето на ЕУРО 2024-та.
На дуелот одигран во Франкфурт; Португалците славеше победата над Словенија со 3-0 по подоброто изведување на пенали (0-0). Јунак беше голманот Диого Кошта, кој на еден начин го спаси Кристијано Роналдо.
Фаворизираните Португалци речиси во текот на целиот меч беа оние кои напаѓаа. Популарните „морепловци“ ја контролираа играта, се обидува да ја скршат сигурната словенечка одбрана, но сето тоа беше јалово. Словенија својата шанса ја бараше преку контра нападите, но и те останаа без реализација. Таквата игра не донесе погодок по 90.минути игра.
Во продолженијата голема драма
Во 103-тата минута по акцијата на Жота, судијата Орсато им поклони пенал на Португалците. Но, правдата беше задоволена, па ударот од белата точка на Роландо, словенечкиот голман Јан Облак го одбрани.
Во 115,минута Шешко изби сам пред Диого Кошта, но португалскиот голман ја спаси Португалија. Така пенал „рулетот“ беше пресуден.
А, во него повеќе нерви, среќа, а пред се прецизност имаа фудбалерите на Португалија, а нивниот голман Кошта одбрани три удари на противникот. Португалците погодија три доволно да се пласира меѓу осумте најдобри.
Противник на Португалија во четвртфиналето ќе биде Франција која попладнево ја совлада Белгија.
Во првите два четвртфинални дуели ќе играат Германија – Шпанија и Англија – Швајцарија.