На терените „Ол Инганд клуб“ во Лондон, започна 137-то издание на Гренд слемот Вимблдон. Бранителот на шампионскиот трофдеј од минатата година Карлос Алкараз имаше успешен старт.
Младиот Шпанец во првата рунда, а по 2,5 часа игра, во три сета го победи над Марк Лајал.
Естонецот кој е дури 269-ти на АТП листата гои изнамачи третиот светски рекет. Во првиот сет се играше тај-бреј ко Шпанецот го доби со 7-3 на поени. Малку фалеше и вториот да дојде до 13-тиот гем, но Алкараз го реши во своја полза со 7-7. Лајал немаше сили да одигра уште еден неизвесен сет, па Шпанецот го заврши третиот сет со 6-2.
Покрај Алкараз од носителите, првата рунда успешно ја минаа петтиот Данил Медведев, осмиот Каспер Руд и десеттиот Григор Димитров.
Денеска свој настап ќе има и најдобро рангираниот светски тенисер во моментов Јаник Синер кој за противник ќе го има имењакот Јаник Јанман од Германија.,