Вториот од двата денешни натпревари од осминафиналето на Европскиот шампионат ќе предизвика најголемо внимание кај домаќинот на шампионатот. Имено репрезентацијата на Германија во Дортмунд ќе се сретне со Данска.
Германија изгледаше одлично во групната фаза на турнирот. Во групата А лесно ги победија Шкотска и Унгарија , а потоа Никлас Фулкруг израмни во судиското надополнување против Швајцарија и го потврди првото место на тимот во елиминациската рунда.
Германија во натпреварот против Данска ќе бара пласман во четвртото четвртфинале на Евро во последните пет изданија.
Данска сепак ќе бара шанса за победа за да покаже дека е способна за висок пласман. Досега, гледајќи ја групната фаза, Данците не изгледаа многу убедливо. Тие забележаа три ремија во дуелите со Англија, Словенија и Србија и го освоија второто место во групата.
Германија и Данска ремизираа три пати на последните четири меѓусебни средби, што може да биде показател дека може да очекуваме неизвесен натпревар до самиот крај, па можеби и продолженија.
Вечерашните ривали досека имаат одиграно вкупно 28 натпревари, Германија победи на 15, а Данска осум пати. Пет натпревари завршија нерешено. Германија има подобра гол-разлика – постигна 55 гола, а прими 38.
Како ќе биде денеска останува да видиме по натпреварот што ќе почне од 18 часот. Исходот од тој меч ќе го чекаат фудбалерите на Шпанија и Грузија кои би биле противници на Германија или Данска во четвртфинето.