Ноќеска се одиграа два натпревари од 2.коло на Копа Америка во Б групата. Во нив Бразил ја оствари првата победа, додека Колумбија обезбеди пласманот во четвртфиналето.

Бразил лесно и убедливо го совлада Парагвај со 4:1. Уште во првиот дел Кариоките имаа три гола предност, а можеа да водат и со четири, доколку Лукас Пакета реализираше пенал. Сепак, со двата гола Винисиус Жуниор и оној на Силвио, на полувремето беше 3-0 за Бразил.

Малата надеж ја врати Алдерета кој во 48.минута намали на 1-3, но Пакета во 65.минута, ја потврди победата на Бразилците за конечни 4-1.

Колумбија лесно стигна до втората победа совладувајќи ја Костарика со 3-0. До вториот триумф вреден четвретфинале Колумбијците дојдоа со головите на: Дијаз (31.,минута)., Санчез (46) и Кордоба (62).

Колумбија е лидер на табелата со шест бода пред Бразил кој има четири, па нивниот меѓусебен дуел во следната рунда ќе решава за првото место.