Петтиот македонски спортист на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз ќе биде џудистиот Еди Шерифовски.
Ова утринава го потврдија од Македонскиот олимписки комитет (МОК) кој добил информација од Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната Џудо Федерација.
„Врз основа на постигнатите резултати и постоечките правила, најдобриот македонски џудист, Еди Шерифовски (категорија -81 кгр) ќе учествува на Олимписките игри Париз 2024.
Со ова продолжува трендот на континуирано учество на македонските џудисти и џудистки, имајќи во предвид дека ова се трети Олимписки игри по ред на кои учествуваат најдобрите македонски спортисти и спортистки во Џудо. Претходно Катерина Николовска во РИО 2016 и Арбреша Реџепи ТОКИО 2020 учествуваа на Олимписките игри, а сега и Еди Шерифовски.
Силно веруваме дека Еди ќе го пружи своето најдобро во Париз и дека заедно со својот тренер Горан Мицковски ќе постигнат одличен резултат на претстојните Олимписки игри“,
се вели во информацијата на МОК.
Олимписките игри во Париз започнуваат за помалку од еден месец, односно од 26 jули до 11 aвгуст.
Со Џерифовски, бројот на македонски спортисти на Олимпијадата сега изнесува пет, но не е исклучена можноста тој да се зголеми.
Македонија на ОИ во Париз ќе биде претставувана од:
Дарио Ивановски – атлетика
Милјана Релјиќ – таквондо
Анастасија Мојсовска – спортско стрелаштво
Владимир Егоров – борење
Еди Шерифовски – џудо