Македонскиот ракометен првак, Еурофарм Пелистер втора година по ред, ќе биде дел од елитната Лига на шампиони. Пелистерци попладнево ги дознаа противниците за новата сезона.

Битолчани кои при ждрепката беа извлечени од третиот квалитативен сад ќе играта во А групата.

Во неа за противници ќе ги имаат: Висла Плоцк (Полска), Веспрем (Унгарија), ПСЖ (Франција), Фредериција (Данска), Фуксе Берлин (Гермнија), Спортинг Лисабон (Португалија) и Динамо Букурешт (Романија)

Во групата Б ќе играат: Алборг (Данска), Магдебург (Германија), Барселона (Шпанија), Кјелце (Полска), Пик Сегед (Унгарија), Нант (Франција), Загреб (Хрватска) и Колштад (Норвешка)