Македонскиот ракометен првак, Еурофарм Пелистер втора година по ред, ќе биде дел од елитната Лига на шампиони. Пелистерци попладнево ќе ги дознаат противниците за новата сезона.

Битолчани ждрепката ја чекаат од третиот сад во кој се и екипите на: Динамо Букурешт, Загреб, Спортинг Лисабон и Колштад.

Носители се: Барселона, Магдебург, Висла Плоцк, Алборг, Веспрем и ПСЖ, па овие екипи се сместени во првиот сад. Од вториот ќе бидат извлечени екипите на: Берлин, Кјелце, Пик Сегед, Нант и Фредериција.

Жрепката за Лигата на шампионите ќе се одржи во Виена со почеток од 17 часот и 30 минути.