На неполн месец, прес почетокот на Летните Олимписки игри во Париз, Македонија го доби својот четврти претставник. Тоа ќе биде борачот Владимир Егоров, информираат од Македонскиот Олимписки Комитет.
„По одлуките на ИОК во врска со спортистите од Русија и Белорусија, Обединетото светско борење (UWW) денес го извести Македонскиот олимписки комитет дека Владимир Егоров како највисоко рангиран борач од Олимписките квалификации во Баку, Азербејџан и како сè уште неквалификуван борач (слободен стил, категорија 57 килограми), со “А“ олимписка норма ќе може да настапи на Олимписките игри ПАРИЗ 2024.
Оваа извонредна вест значи дека уште еден македонски спортист, овој пат со “А“ олимписка норма ќе настапи на Олимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 26 Јули до 11 Август 2024 година.
Честитки до Владимир Егоров и сигурни сме дека во Париз ќе го покаже и ќе го даде своето најдобро“, се вели во објавата на МОК.
Покрај Егоров, Македонија ќе ја претставуваат и атлетичарот Дарио Ивановски, таеквондистката Милјана Релјиќ и Анастасија Мојсовска во спортско стрелаштво.
Не е исклучена можноста МОК да добие и т.н. „вајлд карта“ за уште некој спортист.