Репрезентацијата на Турција ја исполни целта и остана не поразена во дуелот со Чешка. Натпреварот од последното третото коло во Ф групата меѓу овие две селекции заврши со победа на Турците со 2-1.

Работата на Турците им ја олесна Барак кој за само 20.минути заработи два жолти картони. Така во продолжението Чесите играа со фудбалер помалку.

Тоа Турците го искористија дури во второто полувреме Во 51-вата минута Чанханоглу им донесе водство на Турците од 1-0. Неизвесноста ја врати Сушек кој во 66-та минута израмни на 1-1.

Но, немаа сили Чесите за комплетен пресврт. Напротив, Турците беа оние кои постигнаа уште еден гол и тоа Кречи во првата минута од судиското дополнение.

Така Турците се оние кои и се приклучија на Португалија и Грузија кои ќе играат во осминафиналето.