Репрезентацијата на Грузија ја направи вистинско изненадување победувајќи ја Португалија. Во натпреварот од последната коло на Ф групата, Грузијците ги совладаа Португалците со 2-0.

Мечот за грузиската селекција почна фантастично, бидејќи во втората минута Кварцкелија го отвори резултатот за 1-0. Иако Португалците се обидуваат да стигнат до израмнување, тоа не им успеа до крајот на првото полувреме.

Не помина многу игра во второто полувреме кога Грузијците се израдуваа на уште еден погодок. Во 57.минута беше досудена најстрога казна за Грузија. Сигурен реализатор беше Микаутадзе за водство од 2-0.

Со оваа победа репрезентацијата на Грузија ја освои третата позиција на табелата, зад Португалија и Турција и се пласира во осминафиналето.