Ноќеска се одиграа првите два натпревари од 2.коло на Копа Америка и веќе го имаме првиот учесник во четвртфиналето. Тоа е актуелниот бранител на титулата и светски првак Аргентина.

Во дуелот од А групата, Аргентинците доминираа против Чиле, но го совладаа само со 1-0. Отпорот на противникот „гаучосите“ го скршија дури во самиот финиши на натпреварот.

Тоа се случи во 88-та минута кога Лаутаро Мартинез конечно ја затресе мрежата на Клаудио Браво.

И вториот натпревар во оваа група заврши со ист резултат, а Канада со 1-0 го совлада Перу.

Победничкиот гол за Канаѓаните го постигна Џонатан Дејвид во 74-тата минута.

Во последното коло, во борба за второто место, ќе играат Канада и Чиле, додека Аргентина за противник ќе го има Перу.