Во вечерниот термин од 21 часот на програмата на ЕУРО 2024-та, се двата натпревари од последното коло Ц групата. Англија против Словенија и Данска против Србија, ќе решаваат за патниците во осминафиналето.

Сите селекции имаат шанси за тоа а најмногу Англичаните кои имаат 4 бода, два повеќе од Данците и Словенците, додека Србија освои само еден.

Затоа на Англија доволен и е нерешен резултат против Словенија, која мора да остане не поразена доколку сака да биде најмалку трета и во група на селекциите кои ќе обезбедат место во ТОП-16.

Англичаните пред првенството важеа за ТОП фаворит, но „Гордиот Албион“ не го потврди тој примат со своите игри. Словенците пак покажа карактер и одигра 1:1 против Србија и Данска, но покажаа и дека се доволно зрели за играње во нокаутот фазата.

Пораз на Словенците е шанса, не само за Данска туку и Србија да ги минат на табелата. Но, за тоа и двете репрезентации ќе мора да ги освојат трите бодови.

Особено ова важи за Србите кои со пораз ќе се простат од ЕУРО 2024-та,. Нерешен резултат ги остава во надеж, но само теоретски и со многу услови и матеметики, за осминафинале. Србија веќе еднаш се спаси од испаѓање од ЕУРО, во последната минута на натпреварот со Словенија кога Лука Јовиќ изедначи на 1:1.

Србија и Данска ќе ја одредат својата судбина на „Алијанц Арена” во Минхен. Словенија ќе ги измери силите со Англија на „Рајн Енерџи Стадионот” во Келн. Двата натпревари започнуваат во 21 часот

РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ/ГРУПИ | EURO 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА