Годинешното 52-ро издание на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“ ќе ги собере најдобрите македонски екипи, информира организаторот.

Имено, македонскиот вице-првак Вадар ќе биде дел од екипите кои ќе настапат и годинава.

Вардар е најтрофејниот тим на турнир со 14 титули и актуелен бранител на титулата од лани, ќе игра повторно на струшкиот турнир. Скопскиот тим е првиот победник на турнирот во 1973 година, а во меѓувреме повеќепати триумфираше на следните изданија.

Црвено-црните се едена од четирите македонски екипи. Покрај нив и домаќинот Струга, на годинашното издание ќе играат и шампионот Еурофарм Пелистер и кавадаречки Тиквеш.

Меѓународниот карактер ќе го надополнат екипите на ГУИФ од Шведска и атински АЕК од Грција.

Традиционално натпреварите ќе се играат на отвореното игралиште крај популарната „женска плажа“, а годинава ќе се игра од 14 до 17 август.