Репрезентацијата на Италија е втората по Шпанија, која од Б групата на ЕУРО 2024-та обезбеди осминафинале. Ова откако Италијанците во последното коло останаа не поразени и завршија како второ пласирани.
На дуелот во Лајпциг, Италија одигра 1:1 со Хрватска, благодарение на Матија Закањи.
Вистинска драма се случуваше во периодот од 52 до 54-та минута. Откако Фратеси играше со рака во својот шеснаесетник, а по прегледување на ВАР, беше досудена најстрога казна за Хрватите.
Лука Модриќ ја презеде одговорноста, но неговиот удар од белата точка Донарума го одбрани.
Практично во продолжението на акцијата, капитенот на „коцкестите“ Модриќ се извади за промашувањето. По ударот на Будимир одлично одбрани Донарума, но кратко одбиената топка стига до Модриќ кој овојпат беше не погрешив за водство на Хрватска од 1-0.
Хрватите беа блиску до осминафиналето, но во осмата минута од судиското дополнение Закањи ги сруши сите надежи на популарните „ватрени“.
Така Италија во четвртфиналето за противник ќе ја има Швајцарија на дуелот закажан за 29 јуни во Берлин.
Теоретски Хрватска која има два бода, сега ќе ги чека резултатите од останатите групи. Треба многу коцки да се поклопат за „коцкестите“ за останат на ЕУРО во Германија.