Најдобриот македонски кошаркар во моментов Ненад Димитријевиќ и официјално е нов член на Олимпија Милано.

Популарните „манекени на Армани“ на својата официјална веб страна му посакаа добредојде на Нено.

„Многу сум среќен и благодарен што сега сум дел од овој историски клуб.

Возбуден сум поради можноста да бидам дел од историјата на Олимпија и ќе се обидам да му помогнам на тимот да освои се надевам важни трофеи.

Едвај чекам да започнам, ќе се видиме сите наскоро“, изјави Димитријевиќ.

Неговите фантастични настапи во дресот на Уникс Казан едноставно го принудија италијанскиот клуб да го ангажира Македонецот.

Нено со Милано ќе игра во елитната Евролига, а со италијанскиот клуб потпиша две годишен договор.