Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа од вчера е во Лондон, каде во текот на следната недела ќе го има вториот настап на Грен слем турнирот Вимблдон.
Проблемот со визата беше надминат во текот на неделава, но сепак Ѓорческа немаше можност да настапи на турнир во Англија.
Така останува низ тренинзи на тревната подлога со тренерот Димитар Лабудовиќ овие неколку дена да ја прилагоди играта на овој вид подлога.
За Ѓорческа ова ќе биде втор настап на Вимблдон во квалификациите (првиот го имаше во 2017 година).
Таа годинава веќе настапи на Гренд слем турнирите во Мелбурн и Париз.
Женскиот квалификациски турнир стартува во вторник, а ден претходно ќе биде познат и „костурот“ во квалификациите.