Фудбалските селекции на Грузија и Чешка го одиграа својот меч од 2.коло во Ф група, на Европскиот шампионат во Германија. Дуелот во Хамбург заврши без победник со по еден постигнат гол на двете страни (1-1).
Во 23-тата минута Чесите постигнаа гол, но беше поништен поради игра со рака. Во судиското дополнение беше досудена најстрога казна за Грузијците, која сигурно ја реализира Микаутадзе за водство од 1-0.
Чесите брзо во вториот дел стигнаа до израмнување. Во 62.минута по корнерот од десната страна на вистинското место се најде Ладислав Крејчи и го израмни резултатот на 1-1. Тоа подоцна се покажа и како конечен резултат на натпреварот.
Сега двете селекции имаат по еден освоен бод, па ќе го чекаат исходот од попладневниот дуел во Дортмунд. Таму играат Турција и Португалија селекции кои во првото коло од оваа група славеа победи. Доколку една од нив успее да победи и на овој меч тогаш ќе си обезбеди место во осминафиналето.
Во последното, трето коло закажано за среда (26 јуни) ќе играат Чешка – Турција и Грузија – Португалија .
Денешната програма пак на ЕП ќе ја заокружат Белгија и Романија со натпреварот што ќе почне од 21 часот во Келн. Романците се први во Е групата со 3 бодови, колку што има и Украина, додека Белгија и Чешка се боз освоен бод.