Актуелниот светски првак Аргентина со победа ја почна одбраната на титулата во Копа Америка. Во воведниот натпревар, на шампионатот шпо се одржува во САД, Аргентина со 2-0 ја победи Канада.
Победата на Аргентина беше сосема заслужена, во поголемиот дел од натпреварот беа подобриот противник, иако Канада одигра храбро.
Стрелци на головите за „Гаучосите“ беа Јулијан Алварез во 49-тата и Лаутаро Мартинез во 88-та минута. На головите им „кумуваше“ Меси со две прекрасни додавања.
Со овие асистенции Меси го собори рекордот стар 70-години, на Чилеанецот, Серхио Ливингстон. Сега Аргентинецот е најдобриот асистент во ова натпреварување.