ЖРК Вардар донесе ново засилување во тимот за следната сезона. 19 годишната Сара Богоевска која игра на позицијата лев бек ќе ја надополни бековската линија на Вардар.
Богоевска играше во Деспина од каде мина во тимот на Куманово. Сара за екипата на Куманово настапуваше две сезони а минатата година заедно го освоја Купот на Македонија.
Таа моментално е дел од младинската репрезентација на Македонија која настапува на Светското првенство чиј Скопје е домаќин.
Вардар претходно го претстави првото засилување станува збор за Јасмина Попова која доаѓа од тимот на Чаир.
Воедно црвено-црните ги продолжија договорите и со поголемиот дел од тимот.
Се очекува екипата на Вардар да ги претстави уште засилувања во наредниот период.
Ивона Кимовска