Фудбалската летна еуфорија, е дополнително збогатена, со уште еден голем настап.
На Европското првенство во Германија се разжештува борбата, а во САД ќе започне 48-мото издание на „Копа Америка“.

Првпат по 2016 година на шампионатот ќе настапат 16 репрезентации поделени во четири. Двете првопласирани ќе обезбедат место во четвртфиналната фаза.

Натпреварите ќе се играат на 14 стадиони, а финалето е закажано за 14 јули во Мајами.
Титулата ја брани Аргентина која во финалето во 2021-година, на „Маракана“ во Рио го победи Бразил со 1-0.

Токму Аргентинците предводени од Лионел Меси, ќе го отворат шампионатот со дуелот против Канада. Натпреварот ќе се игра во Атланта, ноќеска во 2 часот по полноќ.

ГРУПИ:

А група: Аргентина, Перу, Чиле, Канада
Б група: Мексико, Еквадор, Венецуела, Јамајка
Ц група: САД, Уругвај, Панама, Боливија
Д група: Бразил, Колумбија, Парагвај, Костарика

Група А – распоред
Аргентина – Канада (21.06; 02.00 часот)
Перу – Чиле (22.06; 02.00)
Перу – Канада (26.06; 00.00)
Чиле – Аргентина (26.06; 03.00)
Канада – Чиле (30.06; 02.00.
Аргентина – Перу (30.00; 02.00)
Група Б – распоред
Еквадор – Венецуела (23.06; 00.00 часот)
Мексико – Јамајка (23.06; 03.00)
Еквадор – Јамајка (27.06; 00.00)
Мексико – Венецуела (27.06; 03.00)
Мексико – Еквадор (01.07; 02.00)
Јамајка – Венецуела (01.07; 02.00)
Група Ц – распоред
САД – Боливија (24.06; 00.00 часот)
Уругвај – Панама (24.06; 03.00)
Панама – САД (28.06; 00.00)
Уругвај – Боливија (28.06; 03.00)
САД – Уругвај (02.07; 03,00)
Болвија – Панама (02.07; 03.00)
Група Д – распоред
Колумбија – Парагвај (25.06; 00.00 часот)
Бразил – Костарика (25.06; 03.00)
Колумбија – Костарика (29.06; 00.00)
Парагвај – Бразил (29.06; 03.00)
Бразил – Колумбија (03.07; 00.00)
Коста Рика – Парагвај (03.07; 03.00)