Репрезентациите на Англија и Данска со различни желби влегуваат во второто коло на ЕУРО 2024 во Германија. Иако според прикажаното разочараа, сепак двете репрезентации собраа бодови во првото коло.

Данска сака со сите сили и способности да ја победи Англија во второто коло. Две причини за тоа се доволни, првата дека ќе имаат вкупно 4 бода и ќе бидат лидери во Ц групата. Втората, без разлика на исходот на натпреварот меѓу Словенија и Србија, Англија во случај на пораз во последното коло, ќе мора да ја победи Словенија.

Данска разочара во прво коло, бидејќи откако постигнаа водечки гол против Словенија, тие потполно се повелекоа и ја загубија играта.

Сепак Данска има квалитет и може да биде силна конкуренција за секого. Според многумина е аутсајдер на ова ЕУРО, но овој искусен тим може и да биде огромно изненадување.

Ако некој сака мирна и сигурна игра и победа во второто коло тоа е Англија. Иако англичаните не се задоволни од играта на својата репрезентација против Србија, сепак на крајот Англија славеше со 1-0. Причина за повлечената и претпазливата игра на Англичаните беше и фактот што српските репрезентативци буквално им „удираа ќотеќ” на англичаните. Сепак сето тоа е минато за Гордиот Албион и фокусот е насочен тотално кон Данска.

Англија со евентуален триумф сака да има мирна глава на дуелот со Словенија, а тоа на Данска воопшто не и се допаѓа.

Многу калкулации и многу прашања ќе добијат свое решение и одговор, а тоа ќе се случи во 18 часот на „Дојче Бан Парк” стадионот во Франкфурт.

Минатото ЕУРО овој дуел го одлучи едниот патник за во финале, а ова ЕУРО ќе одлучува како ќе се одвива групната фаза.