Машката тениска селекција на Македонија со пораз го почна настапот во Дејвис купот. Во првиот дуел од Третата Европска зона што се игра во Улцињ, македонските тенисер се поразени од домашната Црна Гора.

Двата меча во поединечна конкуренција нашите тенисери ги загубија.

Во првиот Берк Бугариќ загуби од Петар Јовановиќ со 2:0 по сетови (6-2 и 7-5). Во вториот Шендрит Деари беше поразен со 2:0 (6-1 и 6и3) од Реазрт Чунгу.

Така дуелот во игра на двојки во кои ќе настапат, нема да го промени конечниот исход. Во него ќе играат Димитар Грабул Амар Хусеиновиќ против Симон Кнежевиќ и Матија Самарџиќ,

Македонија е дел од групата А, во која за противник ќе го има и носителот Словенија.

Пласман во Втората Евро-африканска зона ќе обезбедат двете првопласиран репрезентации од групите. Ним че им се приклучи и победникот од мечот-бараж на второпласираните репрезентации (вкупно три репрезентации).

Од овој ранг ќе испаднат две репрезентации. Четвртопласираната од Б групата и поразената од баражот меѓу треторангираните репрезентации.