На задоволство на домаќинот на Европскиот шампионат, фудбалерите на Германија се првите кои обезбедија пласман во осминафиналето. Ова откако „Панцирите“ ја остварија и втората победа.
На дуелот од 2.коло во „A“ групата, одигран во Штутгарт, Германија со 2-0 ја совлада Унгарија.
Имаа контрола на играта во текот на целиот натпревар, ретко ја препуштаа играта на противникот и заслужено славеа победа
Јамал Мусиала во 22-та и Гундоган во 67-мата беа стрелци на головите за Германија, која е лидер на табелата со максимални шест бодови.
Во последното коло Германците ќе играат против Швајцарија, а Унгарија против Шкотска. Натпреварените се закажани за недела (23 јуни).
Кој покрај Германија ќе биде осминафиналист од оваа група може да дознаеме вечерва. Имено доколку Швајцарија слави во дуелот со Шкотска и Швајцарците ќе си го осигураат своето место во нокаут фазата.