Репрезентациите на Португалија и Чешка вечерва ќе ја комплетираат првата рунда на Европскиот фудбалски шампионат.
Португалците предводени од Кристијано Роналдо се вброени меѓу четирите фаворити за освојување на трофејот. Чесите пак се меѓу оние кои се со најмали шанси за тоа, па минувањето на групната фаза е нивниот приоритет.
ПОРТУГАЛИЈА
Португалците поголемиот дел од 20-от век го мина во на фудбалската елита. Од 2000-тата, тие се редовни учесници на секое Европско првенство, а во 2016-тата во Франција ја освоија и шампионската титула.
На патот до Германија, избраниците на Роберто Мартинез имаа перфектниот настап со максимален број на победи.
Кристијано Роналдо го игра последниот (европски) танц. Европското во Германија е последно за Роналдо кој веќе има 39 години. Капитенот на Португалија ќе се обиде да освои уште еден трофеј за репрезентацијата. Роналдо е најдобар стрелец во историјата на натпреварувањето со 14 гола, а две децении по дебито на ЕУРО има рекордни 25 настапи на континенталните првенства.
Португалците имаат компактен тим од искусни и млади фудбалери, желни за докажување, па останува сето тоа селекторот Мартинез добро да го компонира.
ЧЕШКА
Чесите гледаат на фудбалот со носталгија. Европската титула во сојузот со Словаците е последниот нивни успех на Европските шампионати. Сепак, тие во моментов се далеку од славно минато.
Во подготвителниот период, Чесите ги добија сите четири натпревари, меѓу нив и последниот против Македонија со 2-1.
Тимот го предводи препородениот Патрик Шик, кој ја освои Бундеслигата и Купот на Германија со Баер Леверкузен. Многу се очекува и од капитенот и играчот од средниот ред на Вест Хем, Томаш Соучек. Чешките медиуми пишуваат дека Хашек го засилил тимот составен главно од играчи од домашното првенство. Сепак, вистинскиот тест за капацитетот на оваа чепка селекција, ќе бидат натпреварите во Лајпциг и Хамбург.
Дуелот меѓу Португалија и Чешка, со кој ќе биде комплетирано првото коло, ќе се игра во Лајпциг со почеток од 21 часот.