Репрезентацијата на Португалија со многу мака и среќа успеа да слави победа над Чешка во последниот натпревар од 1.коло на ЕУРО 2024-та.
Во дуел од „Ф“ групата одигран во Лајпциг, Португалија славеше со пресврт над Чешка со 2-1.
Иако Португалците беа оние кои речиси постојано ја имаа контролата на играта, сепак тоа не го смени резултатот по првиот дел.
Во вториот, вистинските возбудувања дојдоа по час игра. Полска поведе со голот на Лукаш Провод во 62-та минута. Но радоста на Чесите не траеше долго, а за тоа се погрижи нивниот фудбалер Хранац кој во 69-тата минута си постигна авто-гол.
Португалците постигнаа и втор гол. Во 88.минута откако Роналдо ја погоди стативата, Диого Жота ја затресе мрежата. Но, голот беше поништен поради офсајд.
Сепак среќата на Португалците им се насмевна во втората минута од судиското дополнение кога Консеисао ја затресе мрежата на Чесите.
Во следното 2.коло, закажано за 22 јуни (сабота) ќе се игра дербито меѓу Португалија и Турција во Дортмунд. Во вториот меч во Хамбург, Чешка и Грузија ќе бркаат први бодови.