Прекрасно дружење и одлични ракометни натпревари, изминатиот викенд можеа да гледаат присутните на третото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“.
На турнирот во кадетска конкуренција, кој е во чест и сеќавање на Марко Божиновски, настапија шест екипи од Македонија, Србија, Црна Гора и Романија.
Лауреатот, победник им припадна на ракометарите на Алкалоид.
Тие во финалето по голема борба славеа над екипата на Коњух од БиХ со 28-27. На патот до трофејот, составот од Автокоманда ги совлада и екипите на Морнар, Струга и Бутел Скопје.
Во дуелот за третото место битолски Еурофарм Пелистер го совлада црногорски Морнар со 39-30.
Најдобар стрелец на турнирот беше Данило Бутиќ од Морнар Бар, наградата за најдобар голман му припадна на Амел Мухавдиќ од Коњух. Признание за најдобро лево крило, позиција на која играше Марко Божиновски, ја освои Марко Димовски од Еурофарм Пелистер.