Иако е само трет ден на европскиот фудбалски шампионат во Германија, денеска се случија два големи инциденти. На првиот во Хамбург, полицијата мораше да застрела вооружен напаѓач.
Вториот се случи попладнево во Гелзенкирхен. Имено пред дуелот Англија – Србија, германската полиција стравуваше од инцидент меѓу навивачите на овие земји.
Сепак оние од островот засега не се инволвирани.
Од локалната полиција информираа дека тепачката во српската фан зона била предизвикани од Албанци.
Информацијата ја пренесе британската телевизија Скај Спортс.