Фудбалерите на Полска и Холандија играат интересен, допадлив натпревар, на Европското првенство во Германија. Во првиот натпревар од „Д“ глупата, што се одигра во Хамбург, Холанѓаните со пресврт ја победија Полска со 2-1.
Полјаците беа оние кои прввиот го отворија резултатотм и тоа преку Буска во 16-тата минута. Притисокот на Холанѓаните вроди со плод во 29-тата минута. Голот му е впишан на Гапко, по чиј удар топката зафати еден од полските фудбалери и го измами Шчешни.
Отворено играат двете селекции и во вториот дел, со очигледна цел, освојување на трите бодови. Тоа им успеа на „лалињата“ кои преку Вегхорст кој влезе во 81-вата, веќе во 83-тата минута им донесе водство од 2-1.
Иако Полјаците се обидео да стигнат до израмнување, имаа и добра шанса за тоа, сепак немаше време, па резултатот остана не променет, 2-1 за Холандија.
Во оваа група, се и селекциите на Франција и Австрија кои ќе играат утре.