Во вториот меч од групата А и на ЕП 2024,  Швајцарија славеше победа над Унгарија со 3-1.

Швајцарците уште во 12-тата минута го отворија мечот со погодок за 1-0 преку Дуа. Сепак тука не застанаа. До крајот на првото полувреме својата подобра игра и надмоќ ја крунисаа со втор гол преку Ебишер за водство од 2-0.

Во второто полувреме Унгарија ја имаше иницијативата и надмоќна над Швајцарија и беше решена да постигне гол.

Варга во 66-тата минута конечно успеа да постигне гол и да го намали резултатот на 2-1. Унгарија во продолжението тргна со сите сили за да го израмни резултатот.

Сепак во една таква една нивна игра се до крајот на судиското надополнување, Швајцарија искористи една брза контра за да ги постави конечните 3-1 со голот на Емболо за стартна победа на ЕП.

Во следното, 2.коло Швајцарија игра против Шкотка на 19 јуни, а Унгарија против домаќинот Германија.

Следете нé на нашите социјални мрежи