Уште двајца млади ракометари следната сезона ќе ги гледаме во машката ракометна Супер лига.
Станува збор за Никола Манев и Антонио Митревски кои ја продолжија соработката со новиот суперлигаш екипата на Бисинов Фруит Ленд.
Велешката екипа која супериорно го освои првото место во Првата лига, се избори за настап во Супер лигата.
„Ова е уште поголем предизвик за мене како млад ракометар.
Пласманот во Супер лигата беше наша цел која заеднички со многу труд и мака го остваривме.
Сега ќе претстојат уште поголеми предизвици, обврски и докажувања за сите во тимот.
Конкуренцијата секако ќе биде на многу повисоко ниво, па затоа од нас се очекува да работиме уште повеќе“,
ни изјави голманот Манев.
Претходно велешани ја продолжија соработката со Александар Стојменов, Филип Сиљанов и Илија Табаков, а го вратија и десното крило Никола Димитров.