Ивана Џатевска потпиша со нов клуб од Унгарија. Македонската репрезентативка од наредната сезона ќе биде дел од тимот на Сомбатељ.
Унгарската екипа претходната сезона го освои трофејот во Првата лига. Со овој трофеј тие успеаја да се вратат и повторно да играат во најсилната лига во Унгарија.
Џатевска претходната сезона ја мина во тимот на Кишварда каде одигра одлично.
Таа една полусезона помина во тимот на Чаир, а претходно долг период беше и дел од екипата на Вардар каде ги помина сите младински категории. Со екипите на Вардар и Чаир настапуваше на европската сцена.
Џатевска има настапувано за сениорската репрезентација на Македонија на Европското првенство што се одржа во Скопје претходната година.
Ивона Кимовска