Со осмото последователно учество на ЕП, а шампионот од 2016 година, репрезентацијата на Португалија беше најдобрата во квалификациите.

Португалија, под водство на легендарниот Кристијано Роналдо, засекогаш влезе во аналите на Европските првенства, завршувајќи го квалификацискиот прозорец со перфектен скор, со тоа Португалија стана само деветта репрезентација во историјата што направила ваков подвиг. „Морепловните“ на патот кон Германија остварија 10 победи во исто толку одиграни натпревари со гол разлика 36:2

Селекторот Роберто Мартинез направи совршен спој на младост и искуство. Португалија ги има двајцата највозрасни играчи на првенството Пепе (41 година) и Кристијано Роналдо (38). Воедно Роналдо е и фудбалерот со најмногу настапи на завршните турнири на европските шампионатот вкупно 206.

СОСТАВ НА ПОРТУГАЛИЈА

ГОЛМАНИ: 1 Руи Патрисио (Рома), 12 Хозе Са (Вулверхемптон), 99 Диого Коста (Порто),

ОДБРАНА: 2 Нелсон Семедо (Вулверхемптон), 3 Пепе (Порто), 4 Рубен Диас (Манчестер Сити), 5 Диого Далот (Манчестер Јунајтед), 13 Данило Переира (ПСЖ), 14 Гонзало Игнасио (Спортинг Л.), 19 Нуно Мендеш (ПСЖ), 20 Жоао Кансело (Барселона), 24 Антонио Силва (Бенфика)

СРЕДИНА: 6 Жоао Палиња (Фулам), 8 Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), 10 Бернрдо Силва (Манчестер Јунајтед), 15 Жоао Невес (Бенфика), 16 Матеус Нуњеш (Манчестер Сити), 18 Рубен Невес (Ал Насри), 23 Виња (ПСЖ)

НАПАД: 7 Кристијано Роналдо (Ал Насри), 9 Гонзало Рамос (ПСЖ), 11 Жоао Феликс (Барселона), 17 Рафаел Леао (Милан), 20 Диого Јота (Ливерпул), 25 Педро Нето (Вулверхемптон), 26 Франциско Консеисао (Порто).

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ГРУПА Ф

  1. коло – 18 јуни
    Португалија – Чешка 21.00 (Лајпциг)
  2. коло – 22 јуни
    Турција – Португалија 18:00 (Дортмунд)
  3. коло – 26 јуни
    Грузија – Португалија 21:00 (Гелзенкирхен)
ТАБЕЛИ/ГРУПИ | EURO 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА

НАЈГОЛЕМИ УСПЕСИ НА ПОРТИГАЛИЈА

Рангирање на ФИФА:
Актуелно: 6 (4 април 2024 година)
Најдобро рангирана: 3 (мај–јуни 2010, октомври 2012, април–јуни 2014, септември 2017–април 2018 година)
Прв меѓународен натпревар: Шпанија 3–1 Португалија ( Мадрид , Шпанија; 18 декември 1921 година)
Најголема победа: Португалија 9–0 Луксембург ( Алмансил , Португалија; 11 септември 2023 година)
Најголем пораз: Португалија 0–10 Англија ( Лисабон , Португалија; 25 мај 1947)
Светско првенство
Настапи: 8 ( прво во 1966 година )
Најдобар резултат : Трето место ( 1966 )
Европско првенство
Настапи: 9 ( прво во 1984 година )
Најдобар резултат: Шампиони ( 2016 )
Финале на Лигата на нации
Настапи: 1 ( прв во 2019 година )
Најдобар резултат : Шампиони ( 2019 )

Шанси за освојување на трофејот

Предводена од најдобриот стрелец во историјата на европските првенства, Кристијано Роналдо, Португалија на ЕУРО доаѓа како еден од водечките претенденти за титулата.

Според „букмејкерите“ (Bet 365) репрезентацијата на Португалија важи за четврти фаворит за освојување на трофејот.