Репрезентацијата на Бразил забележа тешка победа над Мексико во пријателскиот натпревар одигран во Хјустон, САД. Како дел од подготовките за пристојниот Јужноамерикански шампионат „кариоките“ до победата со 3-2 стигнаа во судиското дополнение.
Стрелец на победничкиот гол беше 17 годишен Ендрик, новиот фудбалер на Реал Мадрид.
Со головите на Переира во петата и на Мартинели во 54-тата минута Бразил имаше предност од 2-0. Сепак, Мексиканците се вратија во игра и преку Квинонес (73.минута) и Мартинез (90+2) израмни на 2-2.
И кога сите очекуваа крај на натпреварот, на сцена стапи тинејџерот Ендрик кој со својот втор го за најдобрата солуција им донесе радост на Бразилците.