Традиционално во „Ланксес арената“ во Келн, Германија, се игра завршниот „фајнал-фор“ турнир во ракометната машка Лига на шампиони. На задоволство на домашната публика, годинава два германски тима се во топ четирите.
Актуелниот бранител на тронот од лани, германски Магдебург ќе има условно „полесен“ против во борбата за големото финале во тимот на дански Алборг. Во второто полуфинале ќе играат гигантите Кил и Барселона.
Натпреварите на ќе се играат денеска и утре во термините од 15 и од 18 часот.
Шпанскиот тим важи за најголем фаворит за трофејот, не само според традицијата туку и прикажаното во текот на сезоната. Барса ќе се обиде по 17-ти пат да влезе во финалето во кои би атакувала на 12-тата титула.
И германските екипи се во самиот врв кога во прашање е досегашниот успех. Кил и Магдебург имаат по четири освоени трофеи, само еден помалку од нивниот бундеслигашки ривал Гумерсбах.
Тимот Алборг иако е на дното на вечната листа, сепак данскиот состав кој во своите има повеќемина искусни ракометари, и јасно е дека ќе сака да игра во своето второ финале.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
САБОТА (ПОЛУФИНАЛЕ)
15:00 МАГДЕБУРГ – АЛБОРГ
18:00 БАРСЕЛОНА – КИЛ
НЕДЕЛА (ДУЕЛИ ЗА МЕДАЛ)
15:00 за трето место
18:00 Финале