Карлос Алкараз е првиот финалист на Гренд слемот во Париз, „Роланд Гарос“
Мечот што траеше 4 часа и 12 минути Шпанецот го доби во пет сета (3:2).
Голема борба во петте сета водеа овие двајца тенисери кои имаа свои подобри моменти од противникот. Повеќето беа на страната на Шпанецот, кој во два наврати имаше негатива. Имено, Синер ги доби првиот и третиот сет со 6-2 и 6-3. Алкараз возврати во вториот и четвртиот со 6-3 и 6-4.
Во решавачкиот сет, клучен беше вториот гем. Алкараз успеа да направи брејк и да поведе со 2-0. Таа предност Шпанецот ја сочува до крај0т и го доби сетот со 6-3.
Алкараз во недела ќе се обиде да стигне до третиот Гренд слем трофеј. Доколку го освои и тој ќе гои мине Новак Ѓоковиќ на АТП листата. Србинот кој се повлече од турнирот поради повреда, сигурно го губи првото место на кое од понеделник ќе биде Синер.
Кој ќе биде противник на Алкараз во финалето ќе дознаеме вечерва по мечот меѓу Александер Зверев и Каспер Руд.