Репрезентацијата на Турција вчеравечер одигра контролен натпревар против актуелниот европски шампион Италија. Дуелот заврши без голови 0-0, но Турците претрпеа голем удар.
Имено, нивниот најдобар дефанзивец Озан Кабак заработи тешка повреда поради која ќе го пропушти Европското првенство.
Фудбалерот на Хофенхај, во финишот од првото полувреме на носилки беше изнесен од теренот, а констатирано е дека ги скинал лигаменти.
Турција на ЕП ќе игра во „Ф“ групата, во која за противници ќе ги има Чепка, Португалија и дебитантот Грузија.