Екипата на Металург Автокоманда го претстави петтото засилување за наредната сезона. Станува збор за голманката Софи Гошевска.
Таа претходните сезони беше дел од тимот на Ѓорче Петров со кој оваа сезона ги освоија титулите во Супер Лигата и Купот на Македонија .
Гошевска настапуваше за кадетската репрезентација на Европското првенство што се одржа минатата година во Црна Гора.
Металург претходно потпиша со пикерот Александра Коловска, сестрите Коцеви и Анастасија Величковска. Тимот на Металург воедно ги продолжи договорите и со Трпевска, Миновска и Беровиќ.
Од екипата на Металург Автокоманда оваа сезона си замина само една ракометарка Мила Трајковиќ која игра на позицијата лево крило.
Тимот од Автокоманда кој заврши на третото место во Супер лигата, избори пласман на европската сцена.
Ивона Кимовска