Екипата на Еурофарм Пелистер на свеченост ја заокружи успешната сезона 2023/24 во која ја одбрани шампионската титула.
На прославата, пелистерци им се заблагодарија на седуммина ракометари.
Станува збор за голманите, Урбан Лесјак, Калифа Гедбан и Марко Кизиќ. Тимот го напуштаат и Марио Танкоски, Руди Сери, како и Денис Васиљев и Матеуж Пиеховски.
Од таборот на зелено-белите им посакаа успех на досегашните нивни ракометари, а воедно најавија дека Пелистер веќе гради нов тим за предизвиците на домашната, но и европската сцена во следната сезона.