Најдобрата македонска фудбалска репрезентација попладнево ќе одигра контролен, пријателски натпревар со селекцијата на Хрватска. На на стадионот „Рујевица“, во Риека, македонските фудбалери ќе и се спротивставен на трето пласираната селекција од последното Светско првенство.
Како што најавија двајцата селектори тоа ќе биде добра контрола да репрезентациите за она што им претстои.
За Хрватите ова е прв тест пред Европскиот шампионат во Германија кој почнува за 11 дена, а за Македонија, проверка на можностите за новиот циклус во Лигата на нациите.
Досега Македонија и Хрватска, имаат одиграно, осум натпревари, во кој поуспешни биле „коцкестите“ остварувајќи пет победи.
Македонија има само една победа (17.11.2007, 2:0, квалификации за ЕП 2008) и два нерешени резултати.
Последниот натпревар против Хрватска го одигравме на 12 октомври 2012 година од квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, противникот славеше со 2:1.
Натпреварот меѓу Хрватска и Македонија што ќе почне од 19 часот, може да го гледате во живо на МРТ или овде.