Фудбалската репрезентација на Македонија не поразена од Хрватска во првиот од двата јунски контролни натпревари. На гостувањето во Риека, домашната селекција на Хрватска ја победи Македонија со 4:0.
„Коцкестите“ уште во првото полувреме создадоа два гола предност и тоа со погодоците на Ловро Мајер.
Фудбалерот на германскиот Волфсбург уште во 10.минута со фантастичен гол од слободен удар го отвори резултатот. Тоа беше се што видовме од двете селекции во продолжението се до самиот финиш. Прво во 43-тата минута се обиде Трајковски од слободен удар, но хрватскиот голман Ливаковиќ беше внимателен. Веќе во следната акција на спротивната страна, заспаноста на нашата одбрана ја казни Мајер со својот втор гол за 2:0.
По шест минути игра во вториот дел Јани Атанасов се закани од далечина, но биеше по средината на голот, па Ливаковиќ немаше проблеми да го скроти тој удар. Тоа беше се што видовме во ова бледо издание на македонските фудбалери.
Затоа Хрватите уште еднаш се израдуваа, кога Марио Пашалиќ по трет пат го совлада Столе Димитриевски, за конечни 3:0.
Можност да го поправат впечатокот македонските фудбалери ќе имаат веќе за седум дена. На 10 јуни Македонија ќе и гостува на Чешка во натпреварот што ќе се игра во Храдец Кралове од 18 часот.