Македонија веќе освои еден златен медал на Балканското првенство што се одржува во Подгорица, Црна Гора.
На првенството на кое Македонија е претставувана од 36-мина кикбоксери, првиот медал и тоа златен го донесе Марија Димовска. Таа го освои златото во својата дисциплина лоу-кик -60 кг и стана балканска шампионка.
Шанса да го понесат тој титулар имаа повеќемина македонски кикбоксери, кои веќе обезбедија настап во финалните борби што ќе се одржат денеска.
Инаку на Балканското првенство учествуваат над 200 натпреварувачи од девет држави.