Македонија и Хрватска утре во Риека ќе одиграат контролен натпревар. Вообичаено пред вакви дуели се и официјалните прес конференции на двата табора.
На македонската, беа присутни селекторот Благоја Милевски и напаѓачот Александар Трајковски.
Селекторот Милевски смета дека ова ќе биде добра можност да провери одредени фудбалери, на кои и колку ќе може да смета во иднина.
„Очекуваме добар натпревар кога играта против селекција која според мене е во ТОП-5 во светот, нам ни останува да играме, да уживаме во натпреварот и како тим да видиме до каде сме.
Се работи за контролен натпревар на кој јас, па и мојот колега, ќе сакаме да провериме повеќе играчи и да видиме на кој и како можеме да сметаме во иднина“, изјави селекторот Милевски.
Милевски потенцира дека очекува сите фудбалери да го дадат максимумот без разлика дали се игра на пријателски или официјален натпревар.