Голгетерот на македонската репрезентација Александар Трајковски одлично ги познав приликите во хрватскиот фудбал.
Напаѓачот на сплитски Хајдук уверува дека Македонија ќе биде достоен ривал на Хрватска, на утрешниот контролен натпревар во Риека.
„Голем дел од играчите во Хрватска ги познавам, се работи за одлични индивидуалци, но и силина репрезентација.
За нас ова ќе биде една можност видиме до каде сме и да се подготвиме за Лигата на нациите“,
изјави Трајковски.
Отсуството на капитенот Енис Барди секако ќе биде голем хендикеп за Македонија, но Трајковски верува дека кои и да го замени ќе го даде максимумот.
„Барди ќе ни недостасува многу. На кој начин Македонија треба да се постави во тој дел теренот за да бидеме ефективни и ние во нападот.
Барди ќе фали многу, но јас се надевам дека секоја играч кој ќе го замени на таа позиција ќе го даде својот максимум и ќе придонесат за добар резултат“,
нагласи Трајковски.
Утрешниот дуел меѓу Хрватска и Македонија ќе се игра во терминот од 19 часот.