Македонската фудбалска репрезентација е во Ријека, каде утре ќе одигра контролен натпревар против репрезентацијата на Хрватска.
Хрватите кои ги чека настап на ЕУРО 2024, се бронзени од последниот Мундијал, па јасно дека важат за фаворити.
Сепак, Агон Елези, смета дека тоа е мотив повеќе на Македонија да одигра уште еден квалитетен натпревар, а тоа знаеле нашите фудбалери да го прават најдоброто токму против фаворитите.
„Драго ми е што повторно сум со момците во репрезентацијата.
Се подготвуваме на највисоко ниво и навистина е предизвик што се соочуваме со Хрватска, селекција која беше бронзена на последното Светско првенство.
Секогаш сме мотивирани кога играме за Македонија и така треба да се однесуваме и на терен.
Да ги почитуваме задачите од селекторот и да се надеваме на позитивен резултат”,
изјави Елези.
Утрешниот натпревар меѓу Хрватска и Македонија ќе се игра на стадионот „Рујевица“, а ќе почне од 19 часот.