Екипите на Прилеп и на МРК Куманово со победите во последното коло против Еурофарм Пелистер 2 и Мулти Есенс изборија пласман следната сезона да бидат дел од Супер лигата. Прилеп на домашен терен го совлада Е.Пелистер 2 во директен дуел со 31:24, додека МРК Куманово славеше победа во Автокманда против Мулти Есенс со 29:27.
На дуелот во Прилеп најефикасни кај победникот со по 7 голови беа Христи Бикоски и Никола Цветаноски, додека на дуелот во Скопје Наум Костов од Куманово постигна 7 голови, додека најефикасен беше Димитар Узунчев со 8.
Третопласираниот тим во Супер лигата плеј аут Е.Пелистер 2 следниот викенд ќе го игра бараж дуелот со второопласираната екипа од Првата лига Радовиш.