Селекторот Михал Пробиерц го состави списокот на повикани играчи во полската репрезентација за јунскиот тренинг камп, кој ќе биде последна фаза од подготовките за УЕФА ЕУРО 2024. Сосема очекувано Полјаците ќе ги предводи нивната прва ѕвезда голгетерот на Барселона Роберт Левандовски.

Пред шампионатот во Германија, Полска ќе одигра два пријателски натпревари, против Украина и Турција. Селекторот Пробиерц по тие натпревари ќе треба да се реши со кои 23 односно најмнофу 26 играчи ќе настапи на ЕУРО 2024-та.

Според правилата, сите репрезентации конечниот список за Европското првенство ќе треба да го достават до УЕФА најдоцна до 7 јуни.

Пајаците на европскиот шампионат се квалификуваа преку баражот со Велс кој го добија на пенали.

Полска ќе игра во групната „Д“ против Холандија (16 јуни), Австрија (21 јуни) и Франција (25 јуни).