Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, го одржа првиот тренинг на стадионот „Рујевица“ во Ријека. Таму задутре (понеделник – 3 јуни) македонските фудбалери ќе одиграат контролен натпревар против Хрватска.
Дарко Велковски кој во минатото настапуваше во Ријека вели дека, Македонија треба да покаже храброст за да се надева на позитивен резултат против фаворитот Хрватска.
„После две години се враќам на стадионот каде што минав четири прекрасни години.
Се соочуваме со Хрватска, а сите знаеме што значи таа репрезентација во светски рамки.
Ние сме долго време заедно и сметам дека треба да покажеме квалитет. Да се надеваме на добра игра и позитивен резултат. Мора да бидеме концентрирани во текот на целиот меч.
Хрватска е многу силна во средниот ред, имаат искусни фудбалери. Треба да се обидеме да ги користиме шансите од против напад. Се надевам на позитивен тест.
За нас во овој период се важни ваквите натпревари“, изјави Велковски.