Женската фудбалска репрезентација на Македонија одигра без победник против Молдавија во квалификациите за Европското првенство 2025-та во Швајцарија.

На натпреварот од втората група во „Ц“ конкуренцијата, одигран попладнево во Скопје, Македонија и Молдавија „ремизираа“ играчки 1-1.

Двата гола беа постигнати во вториот дел.

Македонските фудбалерки поведоа со голот на Улза Максути во 52-та минута. Сепак радоста траеше премногу кратко. Веќе во 55-тата гостинките израмнија преку Табур.

Во продолжението македонските фудбалерки се обидуваа да стигнат до втор погодок и победа. По корнерот од левата страна Димчевска биеше со глава, но само ја погоди стативата, а резултатот остана не променет 1-1.

Двете репрезентации веќе за четири дена ги очекува возвратниот натпревар во Молдавија.

За Молдавките ова беше првиот освоен бод во квалификациите во кои Македонија веќе има четири. Лидерки во оваа група се Словенките (6 бодови), кои денеска играат Летонија која е трета (3 бода)