Женската фудбалска репрезентација на Македонија, попладнево ќе го игра третиот натпревар во квалификациите за ЕП 2025-година во Швајцарија.

Во рамките на Ц конкуренцијата, а во втората група, Македонија ќе пречекува Молдавија.

По победата над Летонија во првиот меч и поразот дома од Словенија, македонските фудбалерки имаат добра можност да го остварат вториот триумф.

Денешниот противник Молдавија, ги загуби првите два квалификациски натпревари, па Молдавките се последни на табелата во втората група.

Инаку ова е првиот од двата дуели на овие селекции кои веќе во сабота повторно ќе играат меѓусебно.

Денешниот натпревар Македонија – Молдавија ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, а ќе почне од 17 часот.